Младите од Велес ги идентификуваа нивните потреби!
Во организација на Сојузот на извидници на Македонија и извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес викендов во просториите на Домот на НВО Велес се одржа првата тркалезна маса со млади.
Се работеше на утврдување на потребите на младите од Велес. На тркалезната маса учество земаа 25 извидници и млади од Велес на возраст од 14 до 18 години.
Идентификацијата на потребите на младите си изврши преку методите кои се користат во неформалното образование, работа во мали групи и тимска работа. Младите зборуваа за нивните потреби, а воедно и работеа на вмрежување и изнаоѓање на решенија и создавање на чекори за да се надминат заедничките проблеми и да се остварат своите потреби.
Потоа во Младинскиот парк во Велес се организираше отворен штанд каде што беше поставен мерач на демократија, промотивен материјал преку кои се подига јавната свест на младите и сите можности за поттикнување на врежувањето на младите во Република Македонија./ А.Д