Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на Велес од ВМРО ДПМНЕ!

Објавено на 16 февруари, 2013 во 15:04

Актуелниот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ и претседавач на Советот на општина Велес ја доби довербата на владејачката партија со која влегува во изборната трка за градоначалник на Велес. Носител на листата за советници е Александар Колев.

Вчера вечер кандидатурата на Чадиев ја прифатило највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Исто така позната е и листата со кандидати за членови на советот на општината од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Носител на листата за советници е Александар Колев.

На листата, од второто до дваесет и третото место  се кандидатите :  Горан Јовиќ,  Галева, Ангел Димов, Наде Трајкова, Петре Саздов, Елизабета Чуповска, Бесим Ахмедов, Живе Катранџиев, Драган Димевски, Валентина Делиманчева, Бобан Коруновски, Томе Јаневски, Македонка Арсова, Коче Гаврилов, Бошко Караџов, Менче Андоновска, Панче Ќумбев, Киро Јосифов, Адријана Нешова, Иле Попов, Ѓоре Алексовски и Зоран Игновски. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.