Какво млеко пиеме во Македонија и какви млечни производи консумираме?
Еколошкото друштво “Вила Зора“ од Велес денеска побара од Агенцијата за храна и ветеринарство во најкраток рок да одговори какво млеко пијат децата во Македонија.
На прес конференција екологистите исто така до оваа надлежна институција поставија прашање каква е состојбата со млечните производи кои се добиваат со преработка на млекото.
“Еден навистина неодговорен однос на надлежните, посебно на Агнцијата која треба да ја контролира исправноста на храната, особено околу тоа што навистина се случува со млекото. Дозволено е 0,05 микрограми на килограм афлатоксин. Она што ми падна во очи е дека она млеко кое има 3,2 % масленост, што им го препорачуваме на децата, има и највисоки дози на афлатоксин . Прашањето е зошто во РМ немаме увид кое млеко смеат да го пијат децата. Слушнавмеповеќе информации но се` се тоа фрази, се додека не видиме конкретно со бројка кои млека колку афлатоксин содржат како од странско така и од домашно производство“ рече д-р Ненад Коциќ , претседател на “Вила Зора“.
За него и за екологистите е нејасно зошто се даваат паушални изјави околу квалитетот и безбедноста на млекото . Побараа Агенцијата за храна и ветеринарство, по примерот на соседните земји, табеларно да прикаже кое млеко е безбедно, а кое не. Според Коциќ тоа е минимум што може да се направи за да се смири паниката која настана кај родителите кои им даваат млеко на своите деца.
“Во продавниците се случува одредени компании да пакуваат поголема количина на млеко, по 5-6 млека и да ги продаваат по дампинг цени. Тоа се млека што се забранети во Србија, Хрватаска, Босна. Ако таму се забранети зошто тука се дозволува продажба“ рече Коциќ прашувајќи дали македонските институции ќе кажеа дека има проблеми со млекото ако не се појавеше проблемот во Хрватска. Исто така “Вила Зора“ апелира во најкраток рок да се каже каква е безбедноста на млечните производи, кашкавал,сирење, кајмак, бидејќи Европската агенција за безбедност на храна потврдила дека во овие продукти концентрацијата на афлотоксинот е поголем за 5-6 пати ако се добиени од загадено млеко./ А.Д