Велешани се автори на новиот спот на Калиопи за Мелем!
Сниман е на сцената во велешкиот театар.
Екипата на продукција „Tulippro“ е автор на новиот спот за песната Мелем на пеачката дива Калиопи кој точно на пладне беше промовиран во клуб ресторанот МКЦ. Како режисер, монтажер и камера е велешанецот Данчо Стефков, со екипата на продукцијата, Иван Камчев, Зоран Ставрев, Никола Ристов, Спасе Петрушев, Игор Гаврилов, Маријан Тодоровски се речиси целосни автори на видеото, кое е правено по сценарио на Ромео Грил.
Дума.мк дознава дека пред две недели Калиопи и екипата го снимале спотот на сцената на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, што до сега се држеше во тајност. Инаку автор на композицијата е поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео, кој е автор на сите песни од новиот албум освен на песната „Ако“, каде што како автор на текстот се јавува пејачката.
Албумот се снимаше во Швајцарија, Германија и во Македонија, а по Скопје, ќе го започне својот поход и на музичките пазари низ бивша Југославија. Дума.мк ви го пренесува спотот и неколку фотографии од снимањето.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=cR5dCW9y5NA&feature=share{/youtube}