Мецанов: Сопственикот на стоковната куќа Бос сака да ми го наруши угледот!

Објавено: 6 март, 2013, во 14:22 часот

Раководителот на Одделението за урбанизам во Општина Велес одговори на обвинувањата дека не си ја работи работата кои вчера кон него ги упати Илија Босилков, сопственикот на стоковната куќа Бос.

Во соопштението испратено до медиумите, Зоран Мецанов се прогласи за ненадлежен да ги дислоцира времените објекти кои се наоѓаат пред трговскиот центар.

„Одговорно тврдам дека како раководител на Одделението за урбанизам и заштита на животна средина во Општина Велес немам надлежност и никакви овластувања да вршам инспекциски надзор над  времени и објекти во изградба.  Оттука, изјавата на Босилков ниту е вистинита, ниту е објективна и сметам дека нејзина цел е да се нанесе штета на угледот на Општина Велес и мене лично како државен службеник и како граѓанин“, пишува Зоран Мецанов.

Тој тврди дека до денес Босилков, нема доставено ниту барање за издавање одобрение за градба или доградба на објектот. Доколку достави барање вели Мецанов, за него ќе се одлучува според Законот за градење. Инаку вчера сопственикот на Бос се пожали на неажурноста на локалната власт и го прозва Мецанов како најодговорен. Смета дека мора да се дислоцираат времените објењкти кои му го попречуваат влезот во објектот и кои се нелегални, но и покрај обидите до сега општината ништо не преземала./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.