Велешани имаат висок шеќер и притисок, ама не знаат!
Денеска велешани се прегледуваа на бесплатните лекарски прегледи на платото пред фонтаната во Нова Населба.
Релативно здрави се велешани освен индивидуални потешки случаи, утврдија лекарите кои денеска ги извршуваа бесплатните лекарски прегледи во Велес. Загрижувачки е што дел од луѓето кои дојдоа на преглед за прв пат дознаа дека имаат повисок крвен притисок или шеќер од дозволеното велат лекарите.
„Детектиравме пациенти кои имале здравствени проблеми, но не се свесни за тоа. Ова е еден од начините да се утврди дека има некаков проблем во нивниот организам, тие да увидат дека мораат да одат на дополнителен преглед и да биде еден вид аларм за нив. Инаку има и одредени случаи кои се хронични болни и се прегледуваа, но општата здравствена состојба од досега прегледаните е задоволувачка“, рече Татјана Самаракова, директор ЈЗУ Здравствен дом.
Инак ова е дел од акциијата за превентивни прегледи кои ги организира Министерството за здравство. Освен денеска бесплатни прегледи за велешани ќе има и во април и мај. Граѓаните можат да си мерат крвен притисок, шеќер, холестерол во крвта, но и да си ја мерат својата теижина и параметрите на телото. Заинтересираноста на велешани денес беше голема./ Б.Н.