Велешани нападнале полицаец!
Двајца мажи вчера нападнале полицаец додека се обидувал да им предаде покана за разговор за проблематичното дете на еден од нив. Полицијата ги бара но тие најверојатно се дале во бегство веднаш по инцидентот.
Се се случило на централниот градски пазар, вчера претпладне околу 10.30 часот.
Полицаецот го забележал таткото на проблематичното дете како стои со уште еден маж и две жени на градскиот пазар и се обидел да му објасни дека поканата се однесува на повик да дојде со детето во полициската станица.
Родителот покажал револт, почнал расправија во која се вклучил и неговиот пријател а потоа го бутнал и удрил полицаецот.
Двајцата мажи избегале кога полицаецот го пријавил инцидентот во полициската станица. Полицијата од вчера ги бара.
„По пронаоѓањето со нив ќе се разговара а по расветлувањето на случајот ќе следи соодветен поднесок,“ рече портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров. /Б.Н