Бизарни случаи во здравствениот систем!

Објавено на 17 април, 2013 во 16:48

Докторка му рекла дека му вградила протеза во колкот, открил дека го излажала!

Колку и да изгледа неверојатно велешанецот Петар Анастасов преживеал вистинска голгота. Раскажува како поради тешка болест артеријата во десната нога започнала да му се запушува па поради тоа морало итно да се направи операција. Во велешката болница немало услови поради што бил препратен на торакална хирургија во Клиничкиот центар – Скопје. После 20 дневно чекање конечно стигнал на ред за операција. Докторка од одделението му кажала дека протеза немаат на клиниката, па за тоа мора сам да си купи од приватна аптека.

„Отидов во аптека, купив протеза која чинеше 500 евра па уште следниот ден  докторката го направи операција, а веднаш по интервенцијата ми рече дека била тешка, таа се изморила, но протезата е вградена. После неколку дена го пуштија од болница, на отпусната листа пишува дека е извршена операција со наша протеза, а Фондот за здравствено осигурување со листата и фискалната сметка како докази ни рефундираше 80 проценти од сумата што ја плативме за протезата, како што е по закон“, рече Славица Анастасова, сопруга на Петар.

Но, веднаш по операцијата започнале да го мачат неподносливи болки. Се појавиле модри дамки на две места од ногата на Петар кои укажувале дека фатил гангрена. Докторката пак при секој преглед го уверувала дека е во ред, а дека болките ги чувствува бидејќи неговиот организам е слаб, па не може да ја прифати протезата во него.

„Петатта недела ми ги извади конците и кога се вратив дома ме фатија многу јаки болки. Одлучив дека кај неа повеќе нема да одам бидејќи не можам да издржам, а и ја изгубив довербата. На ногата имав две гангрени, а таа ми велеше во бања со морска сол да ја ставам, па од нив ногата уште повеќе се воспали и се создаде голем оток. Отидов во приватна клиника каде ми ги снимаа нозете и беа вчудоневидени од она што го гледаа, но не сакаа ништо да претпоставуваат додека не се уверат при операција“, рече Петар Анастасов.

Тој морал да подлежи и на втора операција овој пат извршена во приватна клиника. Веднаш му било подобро, а лекарите кои го оперирале заедно со сопругата ги викнале на разговор.

„Ни велат протеза нема вградено при првата операција, не најдовме во колкот што може да се види и од снимките, што и како работела докторката ние не знаеме. Ни дадоа и ЦД со снимки од втората операција за да имаме доказ за она што го говорат“, рече Славица Анастасова.

Ова го шокирало Петар кој вели дека се уште не може да сфати како може оној кој требало да му го спаси животот свесно да му го загрози.

„ Не го очекував ова бидејќи доктор не би требало така да работи. Да беше грешка може и ќе и простев, но ова мислам дека е смислена грешка. Тоа што го преживеав не може да ми се врати назад, но сакам правдата да се истера, оти не е нормално оваа докторка да работи се уште на клиниката и да прави проблеми, слободно без некој нешто да и може“, рече Атанасов.

Семејството Атанасови случајот веќе го пријавило во полиција и со сите докази и сведочења поминал кај истражен судија и обвинителството поднесе пријава, а првото рочиште е закажано за во мај годинава. За ова Атанасови се обратиле и кај Министерот за здравство, Никола Тодоров од кого очекуваат да ја разреши докторката бидејќи стравуваат дека она што им се случило ним, може да се повтори.

 

Нема доктор за да ја извади прекусата металната прачка од `рбетот на осум годишно девојче!

Велешанката Тамара Димовска има осум години и една од омилените активности и е танцувањето. Насмеана и ведра со својата мајка не пречекаа во нивниот дом. Но, веднаш штом ја погледнете знаете дека ова девојченце има проблеми со `рбетниот столб. Поради тешкото заболување на `рбетот пред две години на скопската клиника и е правена операција на која докторите и вградиле метална прачка која имала за цел да ја држи исправена. Но, Тамара секојдневно расте, прачката станува прекуса, па рбетот се витка кон лево од што и се скратило десното ноже.

„Лекарот кој ја изврши првата операција врз Тамара е заминат во пензија, а друг стручен за ова нема ниту на клиниката во Скопје, ниту во Св.Еразмо во Охрид. Откако дознавме дека не ќе можеме да го лекуваме нашето дете во некоја од државните болници отидовме на приватна клиника. Но, таму само за да се извади металната прачка која ја искривува Тамара ни бараат 457 илјади денари кои ние ги немаме. Државата предвидела и вакви случаи и плаќа за лекување на приватна клиника доколку нема услови за операција на некоја од државните болници и тоа преку Фондот за здравствено осигурување. За да ја искористиме оваа законска можност потребно беше конзилијарно мислење кое го чекавме повеќе од шест месеци, а кое требаше да го потпише тим од лекари од клиниката“, рече Жаклина Димовска, мајка на Тамара.

Барањето за конзилијарното мислење семејството Димовски го поднеле до Клиничкиот центар – Скопје во мај минатата година, а го добија во декември. Но, за да дојдат до најбитниот документ за лекување на Тамара мораа јавно на медиуми да проговорат за проблемот кој го имаат и да поднесат дури и преставка до Народниот правобранител.  Тој се заинтересира за случајот и после реакцијата на омбудсманот, докторите го потпишаа нивното мислење кое е виза за одобрување средства од Фондот за здравствено осигурување.

„Се надевавме на побрза и поажурна реакција од фондот бидејќи состојбата на Тамара од ден во ден се повеќе се влошуваше. Кривината на рбетот се повеќе растеше, а ножето стануваше се покусо па потребна беше итна операција за да се извади металната прачка бидејќи настануваше опасност од тоа `рбетот на девочето да се прекрши“, рече Димовска.

Димовски го поднесоа барањето во јануари годинава, а после два месеци фондот  одобри пари за малата Тамара.

„Според моите информации конечно се одобрени онолку средства колку што се потребни за операцијата на `рбетот на Тамара Димовска, известувањето е доставено до семејството и ние сме подготвени тогаш кога родителите ќе одлучат, врз девојчето да биде извшена операцијата на приватната клиника, а ние да ги префрлиме парите на нејзина сметка, бидејќи веќе имаме потпишано договор со оваа клиника“, рече Јован Грповски, директор на Фонд за здравствено осигурување.

Но, Димовски се во трка со времето за да се спаси животот на Тамара. На повиците за помош веќе се јави хуман човек кој ги претрка тромавите институции на здравствениот систем и понуди помош за нејзино лекување во странство со надеж дека детската желба за танцување ќе стане реалност.

 

Случајот на малиот Христијан Тодоровски ја крена јавноста на нозе!

Откако е роден е во болница. Таква е едногодишната животна приказна на големиот борец Христијан Тодоровски за кого дозна речиси целата македонска јавност. Ова детенце има ретка болест која клиниките во земјава не можат да ја откријат ниту дијагностицираат, па беше неопходно лекување во специјализирана здравствена клиника во Германија кое би чинело 350 илјади евра. Неуспешни беа првичните обиди на неговите родители државата да го плати лекувањето на нивното дете па тие мораа јавно, преку медиумите да побараат помош.

„Првостепената комисија го одби барањето за лекување во странство, а за тоа да плати државата. Како да имам второ или трето дете кога не знам ни првото од што ми е болно“ рече пред медиумите Драган Тодоровски, татко на Христијан.

После големиот притисок од јавноста второстепената комисија сепак одлучи дека Христијан може да се лекува на државна сметка. Неговиот татко на специјализираната група на социјалната мрежа ФБ која сам ја креираше „Мојот анѓел борец Христијан Тодоровски“ напиша:

Моќта на медумите, Моќта на народот!

Но, среќата на родителите кусо траеше оти и оваа процедура не одеше лесно за големиот борец. И неговото заминување во Грманија го следеа низа проблеми.

„Фондот ги одобри парите за лекувањето во самата болница, но после разговорите со лицето за контакт од германската болница ни кажаа дека во период од 9 месеци колку што предвидуваат дека ќе трае лекувањето за Христијан ќе требаат уште средства бидејќи ќе биде сместен во приватно сместување, а ние како родители немаме право да работиме“, пиштуваше таткото на Христијан, Драган Тододровски.

На уште поголеми препреки  со македонските здравствени институции наидоа Тодоровски додека престојуваат во болницата во Германија. Од Фондот за здравство на време не пристигна образецот беше потребен како доказ пред германската клиника дека се покриени трошоците за лекување, а кој треба да се испраќа секој месец. Поради тоа најбитното трансплантацијата на коскена срж на Христијан не беше извршена на време, а неговиот живот доведен во опасност.

„Јас како идиот вртам во Скопје бидејќи знам дека поднесов барање, но само што добив одговор дека првостепената комисија одобрила, се чека второстепената. Јас се прашувам што ако второстепената не одобри тогаш нема друга опција туку да се вратиме назад во Скопје и да го оставиме Кики да го заврши животот“, во очај повторно од медиумите побара помош таткото на Христијан.

Тој повеќе не сака да говори за искуствата кои ги имаше со здравствените институции.

„Нашиот пат не е завршен, сега не можам да говорам ниту позитивно, ниту негативно. Ќе кажам се откако ќе заврши нашата приказна, а единствено што сакам сега е да помагам на други пациенти кои ги имаат истите проблеми. Реалните проблеми сите ги знаат иако ги игнорираат“, рече Тодоровски.

Малото дете со ретка болест која сеуште не е конкретизирана е на лекување во Германија. На ФБ – групата посветена на него секојдневно пристигнуваат желби за скоро оздравување, а јавноста се надева на позитивен исход од медицинскиот третман. Неговите родители пак подучени од она што го преживеаја до сега подготвени се на секакви непредвидливи ситуации поврзани со потребата од помош од институциите на земјата во која живеат.

 

Сериозно загрозени правата на пациентите во земјава, едногласни се здруженијата и Народниот правобранител!

Една четвртина од преставките кои пристигнале до Народниот правобранител на Република Македонија, а на што се жалеле македонските граѓани биле предолгите постапки особено кај второстепените органи. Од 166 преставки поврзани со работата на здравствениот систем дури 43 биле за неоправданост за постапката да трае предолго, информираат од канцеларијата на омбудсманот.

„Народниот правобранител   констатира дека надлежните органи се недоволно ажурни при постапувањето по  барањата на граѓаните, а особено  по поднесените жалби како и непостапување или пролонгирање на постапката по донесени пресуди, со што граѓаните се попречуаат во остварувањето на уставно загарантираното право на здравствена заштита .За надминување на  овој проблем достави повеќе барања до надлежните органи, изврши повеќе непосредни увиди, а неретко доставуваше и посебни извештаи  до Министерството, односно до  министерот за здравство, поради непостапување по неговите барања, а особено по барањата на граѓаните, затоа  што Народниот правобранител се попречуваше во своето постапување, а особено се оневозможуваше граѓаните благовремено да ги остварат своите права по доставените  барање или жалби“, се вели во реакцијата од канцеларијата на Народниот правобранител.

Од таму информираат дека за да се заштитат правата на граѓаните, Народниот правобранител морал да достави и посебен извештај  до Владата на Република Македонија. Во него ја информира за состојбата во остварувањето на правата  на граѓаните и за неговата попреченост во постапувањето по поднесените претставки. После многубројни  интервенции на Народниот правобранител било реагирано, но  сепак правобранителот констатира дека проблемот се уште не е надминат. И понатаму постојат многубројни нерешени предмети по  поднесени жалби.

Но, освен ова голем проблем за пациентите преставувале и рефундирањето на пари за здравствени услуги извршени во установи со кои Фондот за здравствено осигурување нема склучено договор. Со ова се зголемил бројот на преставки од ваков вид, но по интервенцијата на правобранителот на граѓаните најчесто им се исплаќале парите кои по закон им следуваат. Според канцеларијата не се за занемарување ниту жалбите за несовесно, нестручно и неквалитетно лекување.

„По овие претставки Народниот правобранител бараше да се преиспитаат случаите, по што се формираа посебни стручни комисии кои  утврдуваа  дали станува збор за несовесно и нестручно лекување. Но, иако беа формирани стручни комисии не беа утврдени пропусти во лекувањето, поради што Народниот правобраниел немајќи можност стручно да оценува дали имало или не нестручно и несовесно лекување  граѓаните ги упатуваше да покренат судска постапка“, велат од канцеларијата.

Омбудсманот не се впушта во коментирање на тоа како функционира здравствениот систем, но набројува на што се уште се жалеле граѓаните во изминатата година. Според него значителен број на претставки се однесуваат на ограничувањето на правата од задолжителното здравствено осигурување  за надоместок на плата поради отсуство од работа поради болест или повреда, и помал број претставки  се однесувале на остварување на правото на лекување во странство и за нееднаков третман на граѓаните при склучувањето на договорите и основањето на здравствени установи.

И здруженијата на граѓани за заштита на правата на пациентите објавија сличен извештај во кој од разговорите со пациентите утврдиле дека повеќе од половината се незадоволни на здравствените услуги, а само 19 проценти сметале дека ги оствариле своите права. Според нив мора да се направат огромни промени во системот бидејќи пациентите и нивните права треба да се на прво место кога станува збор за донесувањето на одлуки. Сметаат дека мора да се прашаат за нивните потреби и не може да се минимизираат нивните барања. Секој има право на современа терапија, која значи преживување и квалитетно живеење.

 

 

Хелсиншки:Најранливите групи граѓани најранливи и на недоследноста на здравствениот систем!

Една од невладините огранизации на која една од примарните области за делување и правото на здравствена заштита и правата на пациентите е Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Од набљудувањето кое секојдневно го врши врз здравствениот систем во земјата и недоследностите со кои директно се соочуваат граѓаните посочува дека утврдила дека низ годините се провлекуваат низа проблеми поврзани со неможноста на огромен број од пациентите да ја користат најсоодветната терапија поради нивната финаниска состојба, значителен број на вработени луѓе на кои работодавачот не им обезбедува систематски преглед, предолго време на чекање за медицински зафати, непокривање на трошоци за неопходни операции во странство од страна на ФЗО. Проблемот за ваквата состојба го гледа во недоследноста на државата во спроведувањето на Законот за заштита на правата на пациентите.

„Ова се огледа преку неформирањето на Државна комисија за унапредување на правата на пациентите, иако за тоа постои законска обврска уште од 2008 година. Дополнителен проблем е и неформирањето на општински комисии кои треба да се грижат за унапредување на правата на пациентите. Особено загрижува фактот што околу 50% од невработените  оваа година нема да бидат во можност да користат бесплатно лекување поради задолжителната регистрација која очигледно го попречува правото на здравствена заштита. Преку ваквиот метод за доделување на сини картони се доведува во прашање почитувањето на Член 39 од Уставот на РМ кој го гарантира правото на здравствена заштита за секој граѓанин“, се вели во писмениот став на Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет за човекови права особен акцент става кон најранливите групи граѓани како што се луѓето со пречки во менталниот и телесниот развој, инвалидизираните, зависниците од дрога, припадниците на ЛГБТ заедницата, како и децата и постарите граѓани. Според комитетот најтешки случаи кои ги издвојува, а кои се случиле во земјата се 6 смртни случаи под нерасчистени околности во Психијатриската болница „Негорци“ и тоа во 2004 и 2006 година, смрт на малолетно лице поради ненавремено укажување лекарска помош во Куманово во 2011  година и насилно отстранување преку буткање по скали и дискриминација на трансексуална личност во Градската болница во Тетово во истата 2011 година.


Новите законски одредби се во корист на граѓаните, велат од ДСЗИ!

Го охрабруваме секој незадоволен пациент да го пријави својот случај кај надлежните органи е ставот кој доаѓа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ова го овозможуваат новите законски измени, но и веќе постоечките одредби од законот за заштита на правата на пациентите велат од ДСЗИ и уверуваат дека се вршат редовни и вонредни инспекциски надзори по добиени претставки од пациенти и за тоа сe изготвува посебен извештај кој се изготвува двапати годишно.

„Согласно Законот за санитарна и здравствена инспекција, Државниот санитарен и здравствен инспекторат може да иницира стручен надзор до Министерството за здравство или до Лекарската комора и тоа го вршат во рамки на својата редовна работа, а воедно министерот за здравство може самостојно да формира комисија за стручен надзор, доколку оцени дека тоа е потребно. Значајна новина се одредбите од новиот Закон за здравствена заштита, со кои Лекарската комора на Македонија, Стоматолошката и Фармацевтската комора добија законска можност да вршат редовен стручен надзор во врска со стручната работа на здравствените работници во здравствените установи“, пишува во одговорот од ДСЗИ.

За прашањата кои се однесуваат на криминално работење на лекарите од инспекторатот се прогласуваат за ненадлежни и велат дека тоа е работа на Министерството за внатрешни работи. Најчесто преставките кои ги пишувале незадоволни пациенти се  однесувале  на неадекватено лекување и третман, особено кога исходот е летален, некоректен однос на здравствени работници или пак за рефундирање средства за лекови . До сега во врска со заштита  на правата на пациентите во државните установи инспекторатот извршил 1315 инспекции. Разрешил 111 случаи и тоа во корист на пациентите во законскиот рок и можности.

„Од податоците за извршените инспекциски надзори во  2012 година се гледа дека пациентите ги користат правните инструменти, поднесуваат пријави до Државнииот санитарен и здравствен инспекторат, односно Министерството за здравство, писмено, телефонски, лично или анонимно, со барање да се изврши инспекциски надзор во соодветна здравствена установа каде што сметаат  дека има повреда на нивното право од здравствена заштита“, се вели во писмената изјава од ДСЗИ.

„Сторијата е реализирана со финансиска поддршка од ЦИН СКУП Македонија во рамките на проектот „Подигнување на јавната свест за корупцијата преку истражувачко известување”.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด