Битолскиот патнички воз прегази маж!

Објавено на 30 април, 2013 во 19:19

Загина Марко С (28) од Велес. Него го прегази попладневниот патнички воз од Скопје за Битола на железничката пруга покрај улицата  Методи Андонов Ченто , позади зградата на општина Велес.

Несреќата се случила околу 18 часот веднаш штом возот излегол од железничката станица во Велес. Од СВР Велес соопштија дека увидот и истрагата треба да ги утврди причините како дошло до несреќата.

 

Според информациите од лице место Марко седел на пругата кога наишол возот. Машиновозачот го видел и прво се обидел да го предупреди со свирката на локомотивата. Почнал да ја кочи и композицијата но не успеал бидејќи бил преблизу по што возот удрил во 28 годишниот велешанец и го усмртил на лице место.

Станува збор за истиот воз кои утринава се судри со камионот марка Фијат Ивеко на железничкиот премин во населбата Превалец во Велес. Во неа тешко повреден е шеесет и едногодишниот Пробиштипјанец Љ.А кој го возеше камионот сопственост на пробиштипската фирма „Пром транс“ /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.