(ВИДЕО) Неизвесно е што ќе се случи со дивата населба покрај Бабуна!
Сопствениците бараат легализација, општината не дозволува, но не открива како ќе го реши проблемот со веќе изградените куќи.
Цела дива населба никна крај долниот тек на реката Бабуна подрачје кое е заштитено поради природните и културните реткости со кои изобилува. Сега дел од сопствениците на куќите очекуваат легализација на дивоградбите до кои веќе си изградиле патишта а имаат и струја и вода. Очекуваат локалната власт да има разбирање за нив.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=1Ovdjg3jlnw&feature=youtu.be{/youtube}
„Па се зависи од градоначалникот и од општинската власт, нивно е д одлучат по нашите барања кои веќе ги доставивме до општината, а извршени се и мерења. Јас мислам дека и градот ќе има корист од тоа да си ги платиме давачките и да си ги легализираме куќите“, рече сопственик на една од куќите.
Со ова не се согласуваат камперите кои најчесто го користат овој дел за излетување. Негодуваат што дивоградби има веднаш до брегот а узурпирани се и ливадите и патот.
„Јас сметам дека не смее да има градби тука и би требало да се урнат. Тоа е работа на општината. Како можеме ние тука да доаѓаме, да поставиме шатор на една недела и по тоа да си заминеме“, рече кампер.
И според градоначалникот Славчо Чадиев не доаѓа пред вид да се легализираат дивоградбите, особено што се наоѓаат во подрачје кое пред неколку години општината го прогласи за заштитено.
„Во моментов се врши увид на тоа место и сметам дека за скоро време ќе заврши. Сепак легализација на дивеградбите кои се наоѓаат таму не доаѓа пред вид. Ова е горлив проблем и согласно законските прописи се надевам дека ќе успееме да го решиме“, рече Славчо чадиев, градоначалник на Велес.
Инаку узурпирањето на земјата околу Бабуна започна срамежливо пред повеќе години, сопственициите првен си одбираа земја, ја засадуваа со градинарски и земјоделски култури, па градеа дрвени куќарки кои за кусо време прераснаа во големи викенд куќи. Оваа дива населба сега се наоѓа токму во еден од најискористените предели за излет од велешани, но и на патот кои води до локалитетот Пешти каде живее белоглавиот орел и каде постојат пештерски цркви од 14 век./Б.Н.