Општината се сертифицираше безбедно да ги чува податоците и на граѓаните да им обезбеди брза и точна информација!
Општината побезбедно од досега ќе ги чува личните податоци на граѓаните, документите и банкарските трансакции. Евиденцијата која за нив ја има не ќе може лесно да се менува. Сите информации ќе бидат достапни кога граѓаните ќе имаат потреба од нив.
Воведувањето на строгите европски стандарди произлегуваат од Сертификатот за управување со безбедност на информации.
„Најпрво би сакал да кажам дека општината треба да биде горда за имплементирање на овој систем бидејки ова е многу тежок пат кој бара тимска работа и голема посветеност за неговата имплементација. Она што е најзначајно е дека овој систем овозможува е што општината може да изгради доверба кај граѓаните како корисници на услугите, рече Неил Бауман, Теџ директор на DAS за југоисточна Европа.
„DAS„ е независно тело за серификација од Англија. Таа година ипол ја мониторирала општината, набљудувала како располага со податоците со кои располага. Сега кога и го додели сертификатот општината ќе мора строго да се придржува на обврските кои произлегуваат од документот, со високи ISO стандарди. Градоначалникот Славчо Чадиев рече дека сертификатот е заслуга на сите вработени во општината.
– Сериозноста на општината е на високо ниво, граѓаните услугите и информациите ќе ги добиваат онака како што треба, како што впрочем ги заслужуваат. Ниту еден податок нема да биде променет – рече Чадиев.
Велешката општина прва во Македонија го доби овој сертификат. Сега граѓаните, невладините организации и бизнис заедницата треба да го почувствуваат бенефитот од документот./Б.Н