На обвинителна клупа седна и „Бреза“, поранешниот заштитен сведок во случајот Ореше
Златко Арсовски, поранешниот заштитен сведок за платено убиство во велешко Ореше, се појави во судницата но не можеше да даде исказ пред судијата бидејќи на почетокот на судењето не дојде неговиот адвокат. Него Обвинителството го товари за лажен исказ пред судот. Арсовски избегна да им даде официјална изјава и на новинарите. Позади камерите велеше дека не сака да зборува повеќе бидејки се плаши за безбедноста на своето семејство.
Арсовски повтори дека знае што го чека за лажен исказ. Избрал помеѓу затворската ќелија и семејството сепак да ја каже вистината поради совеста, жената и детето. Тој претходно кога го проемни исказот велеше дека полициски инспектори и блиски на убиениот го натерале како заштитен сведок да сведочи против обвинетите за платеното убиство. Сепак не можел да издржи па морал да ја открие како што рече вистината, со кои посведочи во корист на обвинетите и им се извини за нанесената неправда.
Денеска Арсовски не сакаше да каже дали ќе остане на истиот исказ со кој тврдеше дека случајот Ореше е монтиран, а тој жртва на институциите. Неговото сведочење е важно во процесот платено убиство во село Ореше што по четврти пат треба да почне да се суди во велешки суд. Скопска апелација ја укина и третата ослободителна пресуда за обвинетите браќата Ѓоргиевски и Ѓоре Петревски, повторно враќајки го случајот во понискиот суд.
Нивните бранители бараа да биде изземена обвинителката, но како што дознава Дума.мк , таа ќе остане во овој случај.
Претходно, дадениот исказ во истрага на Златко Арсовски, алијас Бреза, беше клучно обвинетите да бидат осудени со 12 годишни затворски казни, додека потоа сменетиот исказ во судница за ослободителната пресуда на тројцата обвинети за смртта на седумдесет и четиригодишниот Лазар Милошевски од селото Ореше./Б.Н
