Тутунскиот комбинат на Бајруш Сејдиу ќе се продава на електронска лицитација

Објавено на 9 мај, 2014 во 11:56

Ваква одлука донесе Собранието на доверители на комбинатот во Oсновниот суд во Велес. Собранието се одржа во велешкиот суд по барање на Врховниот суд, стечајната постапка за тутунскиот комбинат од Куманово и стечаите за уште четири други случаи да бидат префрлени во Велес.

„Пред стечајот сопственик на Тутунскиот комбинат од Куманово, според бројот на акциите, беше бизнисменот Бајруш Сејдиу. Во 2010 година, по кривична постапка , во познатиот судски случај „Пепел“,на Сејдиу му беше конфискувана сопственоста на акциите во комбинатот, во корист на Државата и беше отворен стечај“, рече Зоран Денковски, стечаен управник.

Инаку долгот на тутунскиот комбинат изнесува 25 милиони евра. Најголем доверител е Управата за јавни приходи со над девет милиони евра побарувања. Доверителите се догодорија комбинатот да се продава во пакет по електронски пат, според новиот Закон за склучување на стечајни постапки. Тој ќе се продава за сума од 13 милиони евра. Во комбинатот порано работеа 165 работници./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.