Гемијата заплови по Вардар

Објавено на 26 јуни, 2014 во 09:36

Рано утрово стартуваше петата по ред велешка регата Гемиџии. Стотина велешани, на десетина чамци, сплав и новата гемија ја почнаа вековната трговска традиција. Четири дена ќе трае патувањето. Преку Криволак, Демир Капија и Марвинци, крајната цел е Гевгелија. Учесниците очекуваат солидни временски услови и добар тек на пловидбата.

„Мислам дека оваа година сме уште поподготвени од претходните. Времеските услови се добри, нивото на Вардар е добар, има вода, така да очекуваме без проблем да стигнеме до крајната дестинација“, рече Себо Шаќиров, организатор на регатата.

За прв пат годинава по Врдар заплови и реплика на оригиналната Гемија која се користела пред стотина години. Искусните кајакари велат дека со неа ппобезбедно ќе ја поминат зацртаната траса.

„Гемијата е долка околу 5,5 метри ,а широка 2,25 ,а заради подобра носивост направивме дупло дно. Пробното возење ни покажа дека е многу лесна за управување и не се сомневам дека без проблеми ќе стигнеме на целта“, рече  Владо Стојанов,  возач на гемијата.

Безбедноста на пловните објекти е на високо ниво, велат организаторите. Задолжени за тоа се спасителите и кајакарите.

„Ние сме четиринаесет луѓе, опремени со сите можни средства за безбедност на пловидбата и мислам дека овие четири дена нема да се случи некој инцидент и дека сите безбедно ќе стигнеме до крајната дестинација“, рече Иле Попов, спасител.

Од следната година за вардарската регата ќе се слуша надалеку. Манифестацијата ќе добие меѓународен карактер./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.