Стотици велешани присуствуваа на свеченото отворање на новата театарска зграда

Објавено на 26 јуни, 2014 во 13:28

Новата театарска зграда конечно отворена и за актерите и за граѓаните. Стотици велешани денеска присуствуваа на свеченото пушатње во употреба на објектот. Новиот театар официјално го предаде премиерот Никола Груевски. Тој изрази големо задоволство од грандиозниот објект.

„Овој театар е еден од најсовремените во Македонија и ќе биде место каде што по летото граѓаните ќе можат да уживаат во театарските претстави во оваа прекрасна зграда, рече Никола Груевски, премиер на Р.Македонија.

Новата театарска зграда е распослана на 3.500 квадратни метри површина. Располага со најсовремена аудио и визуелна опрема, голема и мала сала и најмодерна сценска техника. Овој капитален објект чини 12 милиони евра.

„Во моментов се реализира обука за користење на сценската технологија, бидејќи е доста специфична, има 11 модуларни типови кои се движат на сцената. И самиот персонал ќе треба да се зголеми се со цел да функционира онака како што е замислено и беспрекорно“, рече Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура.

Првата премиера на новата сцена, велешките актери ќе ја одиграат на крајот од годинава./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.