Геодетскиот елаборат пречка за легализацијата на дивоградбите во Велес

Објавено на 6 август, 2014 во 12:11

Од преку тринаесет илјади диво изградени досега се легализирани само 1550 објекти. Најголем број се куќи, претежно доградби но има и деловни објекти. Во моментов општинската администрација постапува по барања на 3.000 сопственици на дивоградби. Од општината велат дека при легализацијата се соочуваат со голем проблем кога граѓаните кои поднеле барања ги немаат сите потребни  документи. Најчесто недостасувал елаборатот кој  задолжително се приложува во постапката за легализирање на див објект.

„ Службениците досега неколку пати контактирале со овие граѓани. Ќе ги повикаат повторно за да им објаснат дека мора да извадат елаборат. Не знам како ќе ја решаваме ситуацијата бидејќи имаме сериозен проблем кога некои од нив не оставиле адреси а други се во странство. Но ќе се обидеме да го решиме и овој проблем, рече  градоначалник на општина Велес Славчо Чадиев.

Според општинската администрација ако се надминат овие проблеми тогаш околу 5.000 дивоизградени објекти ќе треба да се  легализираат најмногу за година и пол. /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.