Извидниците од Велес евакуирани во Војводина
Невремето што ја зафати Војводина ја прекина деветата смотра на Извидници од Југоисточна Европа која на крајот на минатиот и почетокот на месецов се одржуваше во градот Бела црква. Илјада и петстотини извидни од четиринаесет држави во Европа , меѓу кои и велешките од одредот „Димитар Влахов“, на седмиот ден од смотрата доживеале несекојдневно и помалку опасно искуство. Дождот непрекинато врнел четириесет и осум часа и сосема ги потопил извидничките логори. Под вода биле до метро и половина. Евакуација на најмладите била неопходна веднаш по потопувањето на логорските населби. Тие веднаш биле евакуирани во Домот на културата во Бела Црква.
„На 31 јули Сојузот на Извидници на Србија одлучи да ја прекине смотрата, бидејќи дождот иако попрестана, немаше физички услови да се продолжи со активностите. Логорот беше под кал, опремата моравме да ја заштитиме, а и од здравствени причини бидејќи се појавија многу комарци и глодари, така да решивме да прекинеме со активностите, рече контингент лидерот Анѓел Гушев.
Присебноста и искуството им помогнале на извидниците да се справат со природната катастрофа. И покрај обилните врнежи кои достигнале и до 200 литри во секунда на метар квадратен, успеале да ја заштитат и спасат опремата.
„Проблем беше и кошавата од Јужен Банат, имаше дигање на шаторите во воздух, замислете козара оној штабски шатор, да го откорне и да го дигне во воздух. Сепам мислам дека искуството што го имаме и присебноста ни помогна да ја зачуваме опремата, рече Гушев.
Смотрата на извидници од Југоисточна Европа почна на 25 јули и тербаше да трае до 4 август. Невремето ја прекина, но велешките извидни успеаја достојно да го претстават градот преку културата, храната и музиката./Д.С
