Почна преполагањето на државната матура

Објавено на 11 август, 2014 во 12:04

Дваесет и четири средношколци од Велес денеска почнаа да ја полагаат државната матура во августовскиот испитен рок. Сите заедно ги решаваа тестовите во средното стручно училиште Коле Неделковски. Тројца од нив беа од економското „Јовче Тесличков“, а останатите од техничкото „Коле Неделковски“. Денеска го полагаат предметот македонски јазик и литература.

„Во наредниот период според рокот за полагање на државната матура во августовскиот испитен рок на 13-ти се полага странски јазици, на 14-ти математика и основно и напредно ниво на естетика и философија и на 16-ти се полага хемија, физика, биологија, историја и бизнис“, рече проф. Снежана Софијанова, заменик претседател на училишна матурска комисија.

Распоредени во три училници учениците без какви било проблеми, под надзор на професори го полагаа мајчиниот јазик.

На испитот во јуни само тројцата ученици не го положија испитот по македонски јазик во економското „Јовче Тесличков“. Годинава, има и уште осуммина други кои паднаа на останатите предмети од матурскиот испит кои согласно правилникот и концепцијата за полагање тие го искористија правото на трансформација на дипломата од државна матура во завршен испит. Тие се стекнаа со диплома за завршен испит во августовски рок што значи дека полагаа помалку предмети и не ќе можат да го продолжат образованието на државните високо школски установи.

„ Постојат факултети кои запишуваат студенти со диплома за завршен испит но тоа не се државните факултети. Сепак нивниот стекнат образовен профил повеќе одговара за вработување. Сепак изборот е нивни и тие треба да одлучат дали ќе продолжат да се образуваат, поточно да студираат или не на приватните факултети, рече директорката Нада Јованова.

Постои разлика помеѓу државната матура и завршниот испит. Кај државнта матура учениците полагаат четири предмети и се брани една проектна задача. Само еден предмет се полага интерно а останатите три се екстерни со добивање на тестови од Државен испитен центар за разлика од завршниот испит кога се полагаат три предмети, од нив една е проектната задача, а останатите два македонски јазик и стручниот се полагаат интерно, во самото училиште на тестови што ги подготвиле професорите.

Учениците годинава најдобри резултати во економското училиште покажале по предметот бизнис, како општо образовен, додека слаби биле по македонски и англиски јазик./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.