Триесет деца учат да пливаат на Градски базен
Најмалото од нив има само три ипол години. И не е единствено дете на таа возраст кое ја посетувало Летната школа за пливање затоа што инструкторите, Петре Петрушевски, Бубо и Иле Попови, им помагаат да ја засакаат водата. „Децата кои имаат пет и повеќе години учат да пливаат. Сите што го посетиле курсот научиле да пливаат,“ задоволно констатираа инструкторите.
Секое претпладне од 9 до 11 часот, посетителите на оваа школа, ќе ги видите на долниот дел од базенот. Во тој поплиток простор за првпат влегле стотици деца од градот кои имале за цел да научат да пливаат. На првите часови нив инструкторите ги ослободуваат и ги учат како да ја засакаат водата. Потоа следуваат часовите на кои им помагаат а потоа им даваат мали пластични даски, кои служат како помагала. На крајот секое дете плива само во плиткиот дел од базенот. Инструкторите се донив и со нив.
„Задоволни сме од посетеноста на школата. Годинава, во јуни и јули, имавме неповолни временски услови и работевме со помали групи на деца. Од почетокот на август се зголеми интересот и еве сега имаме една голема група на деца непливачи кои сакаат да научат да пливаат. Тоа особено не радува,“ рече Иле Попов.
„Не постои дете кое почнало и не научило да плива,“ коментираа родителите на децата кои се дел од оваа група на летната школа. На членовите на семејството на децата кои учат да пливаат им е дозволено да ја надгледуваат работата на инструкторите. Најголем дел од нив седат покрај ивицата на базенот или на блиските маси и лежалки. Сите го очекуаат моментот кога детето ќе ги пушти рацете на инструкторт и само ќе почне да плива.
Сончевото и топло време деновиве го полни Градскиот базен. Голем број на велешани, особено во попладневните часови, ги зафаќаат лежалките, се сончаат и пливаат. Дел од нив рекоа дека годинава не планираат да одат на одмор, некои се подготвуваа а други веќе се вратиле од плажите на езерата или морињата.
Ним воопшто не им сметаа децата кои учеа да пливаат. Некој од посетителите искоментираа дека ги потсетиле на нивните пливачки почетоци./Д.С
