Општината продаде пет парцели за изградба на куќи

Објавено на 14 август, 2014 во 13:26

Пет парцели лоцирани на градското подрачје денеска добија сопственици. Општина Велес ги продаде по пат на електронско јавно наддавање. Новите сопственици кои дадоа најповолна понуда ќе добијат маркици за градење на стамбени живеалишта. Според надлежните дел од парцелите постигнале одлични цени.

Сепак од општината не кријат дека очекуваат уште поповолни понуди за утре кога по истиот принцип ќе се продаваат 11 индустриски парцели.

Пет се лоцирани во населбата Тунел 2 и ќе бидат наменети за изградба на погони за мало стопанство.

Останатите шест се во индустриската зона Караслари. Тие се поголеми и ќе бидат наменети за индустриски капацитети од тип Г-2 лесна и незагадувачка индустрија.

Општината веќе ги започнала анализите за изградба на уште една индустриска зона. Планирано е таа да биде лоцирана во непосредна близина на село Мамутчево. Според првичните пресметки треба да биде двојно поголема од онаа кај Караслари./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.