Летна крводарителска акција, утре и задутре, во Ликовен салон во Велес

Објавено на 20 август, 2014 во 13:22

Над 350 крвни единици се очекува да се соберат на дваесет и првата по ред летна крводарителска акција, што старува утре и ќе трае два дена. Оваа бројка ќе ја потврди успешноста на оваа крводарителска акција која од година во година станува се помасовна, велат организаторите. Иако очекувањата се скромни сепак статистиката потврдува дека во претходните летни акции крв дарувале и над 400 граѓани.

„Оваа крводарителна акција е рекордна по број на собрани крвни единици во државата. Најмалку крни единици сме собрале пред десетина години, околу двеста но, акцијата во последните неколку години е побројна и ние сме многу задоолни,“ рече секретарот на велешкиот Црвен крст Велес, Миле Маџаров.

Освен повозрасните,кои се повеќекратни дарители на скапоцена течност, на летните крводарителски акции во Велес се по бројни се младите велешани кои за прв пат ја подаваат својата рака со цел да ја потврдат  хуманоста. Организаторите велат дека секоја година дури 17 проценти од собраните крвни единици се од  млади кои прв пат даруваат крв.

„Добар дел од младите луѓе ја очекуваат оваа акција за прв пат  да даруваат крв. Сепак најголем број од нив тоа го прават на школските клупи, во училиштата. Затоа оваа акција е добра за поттикнување на хуманоста кај младите,“ Маџаров.

Повеќе од две децении во градот, организатори на летната крводарителска акција  се општинскиот Црвен крст и Центарот за трансфузиона медицина. Тие во наредните два дена ги очекуваат во просториите на Ликовниот салон. Годинава акцијата ќе се одржи под мотото „Дарувајте крв-спасете живот“./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.