Се зголемува бројот на спасители на вода во Велес
Kако да спасат давеник учат триесетина млади момчиња на езерото Младост. Со своите пливачки способности и со помош на спасителските средства вешто се справуваат со непредвидливaта вода и успешно стигнуваат на целта, го спасуваат човекот што се дави и му пружаат прва помош. Тие одлучиле да станат професионални спасители и да ги обезбедуваат капачите во реките, езерата и морињата.
„Сакам да станам спасител на отворени води, бидејќи веќе имам диплома за спасител на затворени оди. Убаво е чувството дека си тука заради безбедноста на капачите. Не би сакал да имам прилика да спасувам давеник, но ако се случи тоа, ќе дадам се од себе да му го спасам животот,“ рече спасителот Анѓел Костовски.
За прв пат во Велес се одржува курс за сапсители на отворени води. Го организира општинската организација на Црвен крст заедно со Центарот за безбедност на вода во Скопје. За разлика од обуката за спасители на затворени води, оваа бара поголема кондиција и познавање на сите пливачки техники, велат инструкторите.
„Овие момци ги поминаа квалификациите вчера на градскиот базен, испливаа 50 метри краул за одредено време, нуркаа дваесет и пет метри о далечина и можам да кажам дека се навистина добри. Мислам дека обуката ќе ја поминат успешно и ќе станат преофесионални спасители кои веќе од наредната сезона ќе го обезбедуваат брегот на езерото Младост,“ рече инструкторот Иле Попов.
„Јас сум демонстратор и на кандидатите им ги покажувам сите техники и како полесно да ги совладаат. Спасител сум подолго време и сакам да го работам ова од хумани причини,“ рече демонстраторот Бојан Рамповски.
За техниката извлекување на давеник од длабочина задолжен е инструкторот Љубе Попов. Низ неговите раце поминале голем број пливачи кои станале искусни спасители на затворени и отворени води.
„Четириесет години го работам ова, имам големо искуство со обука на деца кои сега се одлични спасители. Овие млади момчиња имаат желба и воља да станат спасители и да спасуваат човечки животи,“ рече , инструктор за безбедност на вода Љубе Попов.
Десет дена ќе трае обуката за спасители на вода. Инструкторите се надеваат дека успешно ќе ја поминат сите курсисти и веќе од наредната сезона ќе го обезбедуваат брегот на езерото Младост./Д.С
