(ФОТО) Младите на Црвен крст промовираат хумани вредности

Објавено на 27 септември, 2014 во 12:53

Младите активисти на Црвен крст од Велес, Кавадарци и Неготино денеска танцуваа. Подготвија кореографија на песната „Happy“- или во превод „Среќен“ од Фарел Вилијамс. Оние кои ги гледаме во разни акции за помош на стари и изнемоштени лица, кои собираат хуманитарна помош и се грижат истата да стигне до луѓето на кои им е најпотребна,  денеска преку танц, од  градските плоштади испратија  порака за разновидност на културите и толеранција, дијалог и соработка, взаемна доверба и разбирање,  како гаранции за мирот и соживотот.

Оваа нивна активност се реализираше под мотото „Заедно танцуваме-заедно живееме“ а е дел од низата активности на Црвениот крст за промоција на хумани вредности.

Она што е посебно значајно е што свеста кај младите за хуманост е се поголема. Интересот на младите да го одберат и да тргнат по патот на хуманоста од ден на ден е се поголем.

„ 1200 младинци низ целата држава влегуваат во овој процес наречен, „ Црвен крст во акција- промоција на хумани вредности“. Тоа е еден  огромен број  кој  е дел од оваа хуманитарна организација. Тоа се нови волонтери,  регрутирани младинци кои менуваат многу човечки судбини и кои работат за добробитот на заедницата, прават многу добри проекти и се сосема одлична младина“ рече Aнгел Јорданов, претседател на клубот на млади на Црвен Крст во Велес.

Тој нагласи дека на денешниот хепенинг во Велес добиле подршка од многу граѓани, а најави дека претставувањето на нивните активности ќе продолжи и во наредните денови. Од понеделник ќе започнат со врсничка едукација за промоција на Црвениот крст, за неговите цели и мисија./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.