Велешката Питијада од локална прерасна во национална манифестација

Објавено на 13 октомври, 2014 во 11:30

За време на тридневната манифестација Фестивал на пити и вино „Велес 2014“ се продадоа над 54.600 пити и 16,7 тони вино. Гости во Велес биле над 50 илјади граѓани од повеќе градови во Македонија. Најголем број од нив дојдоа во саботата кога на штандовите поставени на главната улица „Благој Ѓорев“ се бараше место повеќе. Задоволни треба да бидат и сопствениците на кафетериите бидејќи и кај нив се бараше празна маса и столици.

Организаторот на манифестацијата, општина Велес, ги соопшти овие податоците со напомена дека се однесуваат само на продажбата на штандовите. Во нив не се вкалкулирани продадените пити од угостителските објекти.

„Од мое лично име и од името на градоначалникот Славчо Чадиев им се заблагодарувам на сите граѓани на Велес за одличното гостопримство, на сите институции кои беа вклучени во организацијата. Им се заблагодарувам за трпението што го имаа овие три дена поради времениот сообраѓаен режим и поради зголемената бучава. Се надевам дека до година оваа манифестација ќе биде уште помасовна и поубава, рече  Мартин Мајсторов од Организациониот одбор на манифестацијата./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.