Велешани дишат загаден воздух

Објавено на 17 октомври, 2014 во 13:30

Нивото на ПМ 10 честичките во водухот во градот е високо над дозволените граници. Ова го покажуваат последните мерења што ги објави министерството за животна средина. Кога се во голема концентрација далеку над максимално дозволената, овие честички се помеѓу најштетните загадувачи на воздухот. Доктор Ненад Коциќ вели дека тие се најчеста причина за појава на респираторни заболувања. Како екологист тој смета дека ситуацијата може да стане алармантна и затоа состојбата треба внимателно да се следи.

„Тие се предизвикувачи на респираторни заболувања ,но и аларм дека нешто се случува. Минатата година во неколку градови едвај се дишеше ,не би сакале Велес годинава да биде такво место“, рече д-р Ненад Коциќ претседателот на ЕД „Вила Зора“.

Најголеми причинители за штетните честички во воздухот се издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, но и фабричките оџаци кои испуштаат вакви честички од производствениот процес. Екологистите стравуваат да не се повтори еколошката катастрофа од минатото.

„Индустриските капацитети кои што работат да го дозираат производството во магливите денови. Тоа го правеше Топилницата и мислам дека повторување на приказната е само враќање во едно лошо минатото“, рече д-р. Коциќ.

Висока концентрација на штетни честички освен во Велес е регистрирана и во Скопје, Тетово, Кочани и Кавадарци./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.