Велешката Гимназија учествува во два меѓународни проекти

Објавено на 22 октомври, 2014 во 12:35

Четиринаесет професори од Гимназијата Кочо Рацин ќе бидат дел од два меѓународни проекти. Осумина од нив ќе бидат дел од проектот „Еразмус плус“ и ќе посетуваат обука во Франција, Кипар и Малта. До крајот на годинава ќе поминат три обуки и потоа ќе ги обучуваат останатите професори од општината. Првата обука се однесува на информатичко компјутерска технологија, втората за мотивација на учениците и третата за реализација на европски проекти.

„Се надеваме дека бенефитот од овие обуки врз учениците ќе биде голем преку знаењето што ќе им го пренесеме, а потоа и на останатите професори од регионот преку дисеминација на проектот,“ рече координаторот на проектот, професор Христина Леова.

„Бидејќи станува збор за меѓународни проекти, мислам дека нашето училиште ќе го приближиме кон европските стандарди во образовниот систем, рече директорот Сашко Андреевски.

Со вториот проект ќе им се овозможи на учениците да се запознаат со претприемнишптвото, да размислуваат во тој правец и да ги развиваат своите претприемачки компетенции. Проектот ќе трае две години.

„Во првата фаза од проектот ќе треба да се изготват наставни програми во кои ќе се вметне претприемачкото учење во општо образовните предмети со цел на децата да им се наметне претприемачкиот дух, претприемачко размислување и претприемачки компетенции,“ рече координаторот на проектот професор Тања Чипова.

Првиот проект е од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, вреден 18 илјади евра. Вториот проект е од СИЦЕЛ- тренинг центарот и за него училиштето доби 4 илјади евра./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.