Награден еколошкиот филм на учениците од Хемиското училиште

Објавено на 22 октомври, 2014 во 13:05

„Пластична рапсодија“ е насловот на две ипол минутниот филм кој влезе во најдобрите педесет на меѓународниот филмски фестивал за екологија и заштита на животната средина во Белград. Го изработија тројца средношколци од Хемиското „Димитрија Чуповски“. Филмот е снимен во Младинскиот парк и зборува за љубовта на две млади пластични шишиња фрлени на зелената површина од несовесни граѓани. Тој пренесува симболична порака за штетното влијание на пластиката врз животната средина.

„Целта ни е да покажеме колку пластични шишиња годишно се фрлаат и што може да се направи со нив, да им порачаме на граѓаните дека не треба да с ефрлаат на зелените површини, бидејќи тие штетно влијаат на почвата и ја загрозуваат животната средина“, рече ученикот во четврта година, Александар Арсовски.

„Сакавме да ја поттикнеме свеста кај најмладите затоа што од нив започнува заштитата на животната средина,“ рече ученичката во трета година Надица Мицева.

Како награда за еколошкиот филм, овие ученици ќе посетат работилница во Португалија, на која треба да се стекнат со идеи и вештини за следниот еколошки проект./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.