Шест дена времен режим на сообраќај во Велес

Објавено на 28 октомври, 2014 во 09:35

Поради снимање на филмот „Ослободување на Скопје“ од среда 29 октомври во 08.30час до понеделник 3 ноември во 16 час. нема да се одвива сообраќај преку Стар Мост. СВР Велес информира дека граѓаните кои со возила ќе сакаат да се упатат кон месноста „Поток“ или кон улиците „Коле Цветков“ и „Браќа Капчеви“, ќе треба да возат преку мостот „Ѓемиџии“ и да заобиколат користејќи ги улиците „Димитар Влахов“, „Петре Прличко“ и „Кресненско Востание“.

Во одредени периоди, затворен за сообраќај ќе биде и дел од улица Петре Прличко, од маркет „Жито“ до крстосница „Малина“, кога сообраќајот ќе биде пренасочуван по улиците „Кресненско Востание“ и „Димитар Влахов“.

Исто така целосно забранет ќе биде пристапот за моторни возила кон паркинг просторите кои гравитираат на брегот на река Вардар, односно,  двата паркинг простора во близина на бифе „Пармак“ , паркинг просторот спроти магацин „Малина“ , паркинг просторот кај „Саат Кула“ и улицата пред Епархија Повардарска.

Сообраќајот по улица „8ми Септември“ ќе се одвива редовно, без посебни забрани и ограничувања, со напомена дека по потреба на филмската екипа сообраќајот времено ќе биде пренасочуван и на други улици, за што возачите навремено ќе бидат упатувани од страна на полициски службеници или од редарска служба.

Полицијата очекува од граѓаните да го почитуваат времениот режим на сообраќај почитување на поставената сигнализација и придржување кон дадените препораки./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.