Хуманитарна акција за погодените од поплавата

Објавено на 5 февруари, 2015 во 13:00

„Од младите за истокот“, под ова мото се реализира големата хуманитарна акција на плоштад „Сармаале“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.  На штандот поставен во центарот на градот хумани граѓани донираат вода за настраданите од поплавите од источниот дел на земјава.

„Од досегашниот одзив сме задоволни но можеме уште повеќе, бидејќи знам дека Велес е хуман град. Затоа апелирам до сите граѓани и институции да го посетат штандот и да донираат вода, за да им помогнеме на нашите сограѓани од источна Македонија. Ним сега им е најпотребна помош, рече Влатко Миров, УМС на ВМРО ДПМНЕ, Велес.

Да донираат вода за погодените од поплавите, граѓаните ќе можат и утре на истото место од 12 до 16 часот. Вакви слични акции има во секој град, велат од унијата. Собраната донација веднаш организирано им се доставува на загрозените семејства./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.