Пороен дожд повторно го зафати Велес и ги наполни улиците во градот

Објавено на 6 февруари, 2015 во 11:50

Центарот е поплавен од водата што истекува од улиците во горните периферни делови на градот. Но од подрачното одделение на Дирекцијата за управување со кризи смируваат, велат нема простор за паника, реките засега не се излеани од своите корита. Нивото на водата во реките Вардар, Тополка и Бабуна е стабилно и не се очекува да се излее и да поплави куќи и земјоделски површини.

Од Дирекцијата велат дека се намалува протокот на вода во Вардар. Утрово Вардар низ градот течел со 135, 92 метри кубни во секунда, за разлика од претходните два дена кога протокот на вода изнесувал 149,27 метри кубни во секунда, односно 157, 35 метри кубни во секунда. Надлежните велат дека реките се враќаат во своите корита но поради денешните интензивни врнежи не се исклучува можноста повторно да се покачи водостојот.

Инаку во Велес, интензивните врнежи од дожд во првиот налет, не направија поголеми штети. Освен неколку куќи кај Башино Село и неколку ниви во населбата Речани, нема други поплавени места. Сепак се уште важат превентивните мерки на кризниот штаб кој деновиве направи насипи со вреќи со песок за да ги заштити загрозените места од надојдените води./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.