Продолжува собирањето на хуманитарна помош за настраданите во поплавите

Објавено на 17 февруари, 2015 во 10:33

Пари, храна, вода и хигиенски средства за настраданите семејства во поплавите во земјава, ќе се собираат до 22 февруари. Продолжува акцијата на Црвениот крст. Граѓаните и компаниите покажале голем интерес за донирање секаков вид помош.

До 16-ти февруари на трите донаторски телефони обезбедени се над девет милиони денари, а на сметката на солидарниот фонд на Републичкиот црвен крст легнале скоро два милиони денари. Овие пари ќе им бидат донирани на семејствата чии домови и ниви беа поплавени од надојдените води на реките. Над 600 семејства веќе ја добија првичната помош. Црвениот крст досега им додели 855 пакети со храна, 965 пакети со хигиенски средства, 302 тона вода за пиење, 3000 кебиња, 40 душеци, 415 пара гумени чизми и околу 800 литри средства за дезинфекција.

Министерството за труд и социјала во соработка со Црвениот крст веќе формираа тимови на локално ниво кои ќе ги проценуваат потребите на настраданите семејства во поплавите. Како ќе дејствуваат понатаму зависи од направената проценка на материјалните штети./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.