Опожарено возило „Ауди“ во Велес

Објавено на 15 април, 2015 во 11:11

Уште еден автомобил на велешанец е опожарен рано утрово во градот. Пожарот избувнал околу 4 часот на улицата .„Димитар Влахов“ кога горел автомобилот марка „Ауди“ сопственост на Е.М од Велес.

Пламенот го зафатил задниот дел на возилото. Пожарот го гаснеле пожарникарите од противпожарната единица во Велес.

Од велешкиот сектор за внатрешни работи велат дека работат на расветлување на случката.

Годинава ова е прво а лани во Велес беа опожарени пет автомобили./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.