Д-р Трајкова: „Локалната власт трета година не покажува ни желба ниту конкретни мерки за намалување на високите концентрации на ПМ честичките во воздухот“
Објавено: 31 јануари, 2020, во 22:11 часот
„Велес и велешани сеуште се гушат под облакот од магла и чад од кои ни дождот ниту сонцето не успеаа да го исчистат воздухот. Мерната станица и понатаму покажува фрапантни податоци, а загриженоста кај нашите сограѓани е се поголема поради стравот и грижата за сопственото и здравјето на нашите деца“, реагираше денеска ОК на ВМРО ДПМНЕ. Д-р Славица Трајкова ги прозва градоначалнкот Аце Коцевски и Претседателот на Советот на Општина Велес д-р Ненад Коциќ за не превземени конкретни мерки за намалување на зголементе концентрац на ПМ честичките во воздухот во градот.
– Господине Коцевски, крајно време е да покажете заинтересираност и грижа за граѓаните на кои сте им градски татко! Време е да се занимавате со решавање на проблемот кој не револтира и ги зголемува напнатоста и стресот кај велешани. Оставете ја вашата агенда за лична промоција и предизборен маркетинг. Велешани сакаат да дишат чист воздух! Господине Коциќ, Се сеќавате ли како обвинувавте од позиција на опозиција и какви театарски претстави и перформанси правевте од аерозагадувањето? Се сеќавате ли на вашите ветувања дека проблемот со загадувањето на воздухот ќе биде ваш приоритет и дека ќе им овозможите чист воздух на граѓаните? Трета година по ред од превземањето на локалната власт Вие не покажувате ни желба ниту конкретни мерки за намалување на ПМ честичките во воздухот, ниту и интерес за конкретно решавање на проблемот со аерозагадувањето и намалувањето на концентрацијата на ПМ честичките во воздухот, рече д-р Трајкова.
Таа додаде дека во воздухот во градот имало прсуство на токсични материи и хемикалии и тоа во количество што претставува ризик за здравјето како на граганите така и на животните, растенијата, или на сите живи организми.
– Во зависност од степенот на изложување, како и видот на загадувачот, последиците може да бидат разни – од кашлање и иритација на дишните патишта, па сè до астма и хронични заболувања на белите дробови. Покрај тоа може да се појават проблеми со кожата, како и некои видови рак. 10% до 20% од сите случаи на рак се предизвикани од некаква форма на загадување. Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот е најголемиот убиец. Борбата против загадувањето е комбинација од технолошки решенија, закони и регулации. Безобразно и крајно несериозно е секое шарлатанско однесување во однос на овој проблем кој бара прецизен аналитички пристап, посветеност и максимална ангажираност за негово брзо решавање, констатраше д-р Трајкова.
Таа јавно праша што ќе направела локалната власт за да влијае на загадувањето и да го подобри квалитетот на воздухот што се дише во Велес од страна на граганите кои сакаат и заслужуваат чист воздух. /У.Ј


