Застрелано службено лице на СВР Велес на должност во Велес

Објавено: 2 февруари, 2020, во 12:01 часот

crkva fn

Претпладнево, во близна на црквата „Свет Спас“ додека извршувал службена задача застрелан е Е.М (46) од СВР Велес. Настанот се случил додека застреланиот со колешка биле во контрола по постојаните поплаки на граганите за грабежи, одземени ташни и новчаници, додека присуствувале на вечните почивалишта на своите најблиски.  

Според искази на очевидци, во полицискиот службеник пукало лице кое било сопрено и предзвикало расправија но и во туркањето со Е.М  успеало да му го извади пиштолот од ременот  и  со него неколку пати да пука од близу по што се дал во бегство. 

Повреденот, со возило на итна медицинска помош, бил префрлен во велешка болнца.

-Пациентот е примен на Одделението за хирушки болести во свесна состојба со 4 огнострелни рани во стомахот и една во коленото. Направена е компјутерска томографија и по укажаната лекарска помош веднаш е транспортиран на Ургентниот центар во скопските клники. Тој е свесен но, поради серозноста на повредите сепак лекарскот тим на хрушкото одделение во ЈЗУ Општа болница Велес одлучил да го препрати во Скопје, рече д-р Тодор Јаковлевски, портпарол на велешка болнца.

Началникот на СВР Велес, Игор Ангеловски, потврди дека настанот се случил додека Е.М извршувал службена задача.

– Органзирана е потрага по лицето кое пукало во нашиот работник. Местото на кое се случил немилиот  настан е обезбедено. Во секој момент таму ќе започне увидот. Штом имаме конкретни информации ќе излеземе со соопштение за јавност,додаде Ангеловски .

Во моментов низ велешките улици има зголемено присуство на полциски службени лица./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.