Нови тројца позитивни на „Ковид 19“ со што вкупно шест лица има во Велес

Објавено: 29 март, 2020, во 14:24 часот

minFilipce fin

Според фејсбук објавата на министерот за здравство, Венко Филипче, во изминатите 24 часа регистрирани се18 нови случаи на коронавирус во земјата.

„Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18. По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1“, пишува на ФБ министерот Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.