Велешанец во полициски час излегол од дома и ограбувал паркиран автомобил

Објавено: 14 април, 2020, во 12:56 часот

policajci fin

 14.04.2020

Тешката кражба ја извршил велешанецот дваесет и три годишниот М.А вчеравечер, околу 21.30 на автомобил што бил паркиран на ул.„Димко Најдов“ во Велес. 

Полицијата го фатила во време додека крадецот ја вршел кражбата.

Потоа полицајците извршиле претрес во неговиот дом каде биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела.
М.А е лишен од слобода, оснесен и задржан во полициската станица Велес.

– Против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење, соопшија од СВР Велес./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.