Се дезинфицираа градски улици, плочници и влезови во колективни стамбени објекти, маркети и банки во Велес
Објавено: 17 април, 2020, во 13:58 часот
16.04.2020
Екипи составени од пожарникарите денеска вршеа дезинфекција во централното градско подрачје на Велес. Тие ги дезинфицираа тротоарите и плочниците на улиците „8 Септември“ и „Илинденска“ каде се наоѓаат старата стоковна куќа „На ма“, скалите на влезовите во банките како и продавниците во комплексот на поранешна стоковна куќа. Потоа продолжија кон мостот „Ѓемиџии“.
Освен пожарникарите, во акцијата на Општина Велес, учествуваа и вработени на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ и на спортската сала, поточно јавното спортско претпријатие „Парк спорт“.

Тие ги дезинфицираа просторите околу Центарот за јавно здравје во Велес, ЈЗУ Здравствен дом во Велес, маркетот на „Стокомак”, потоа железничката станица, просторите околу „Жито” маркетите во близина на општината и околу трговскиот центар, просторот пред маркетот на „КАМ” и на „Кит – Го” во новиот дел на градот , како и плочниците околу споменикот на Панко Брашнаров, околу споменикот „Алексо Демниевски – Бауман“, околу „Жито” маркетот на плочникот „Авона”, центарот на градот од маркетот „Жито” до плоштад „С’рмаале” и просторот околу централниот Градски пазар.

Општината продолжува со акцијата за дезинфицирање во вторник, на 21 април, годинава./У.Ј


