Само еден велешанец и двајца неготинци „се шетале“ за време на полицискиот час ноќеска

Објавено: 28 април, 2020, во 13:22 часот

 Velesnoke1 fin

28.04.2020

Еден велешанец и двајца граѓани на Неготино се единствените кои не го почитувале полицискиот час и забраната за движење, ноќеска, и наместо да седат дома се шетале на улица, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.

Нови лица со Решенија за изолација нема, а со Изјава за самоизолација има четири и сите се во Велес. Вкупно со Решение во изолација има 114 лица, од кои 86 во Велес, 12 во Кавадарци и 16 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 66, од кои 42 во Велес, 12 во Кавадарци и 12 во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека сите ги почитуваат мерките./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.