Д-р Чолакова Дервишова: Моментот за наградување кој владата го размислува за здравствените работници во јавното здравство е добар но сметаме дека не треба да ги заборави матичните лекари
18.05.2020
Поддржуваат одлука на владата за награди на здравствените работници од јавното здравство, кои беа на првата борбена линија во справувањето со коронавирусот, а за себе матичните лекари бараат исплата на капитациите за март и април, годинава.
Велат дека пандемијата покажала дека исто како нивните колеги од Итната медицинска помош, од Инфективните болнички одделенија и Клиниката во Скопје и во нивните амбуланти се вршеа прегледи , се препишуваа и печатеа рецепти, се отвораа боледувања и се обезбедуваа потврди за ортопедски помагала. Нашите колегите од Дебар го изработија целокупниот скрининг па затоа бараме да се смени ритамот на плаќање кон приватното здравство, вели претседателката др Лилија Чолакова Дервишова.
– Да се изедначиме со колегите од јавно здравство. Приватниот сектор во изминатите 28 години е плаќан наназад со задоцнување од 67 дена. Значи бараме промена во ритамот на исплата поточно заостанатите капитации. Кога започнувавме, во 1992 година задоцнувањето беше од пет месеци. Досега никој не проба да го смени овој момент што навистина не е во ред да има разлики помеѓу приватно и јавно здравствобидејќи пред Уставот приватното и јавното здравство се еднакви, рече д-р Чолакова Дервишова.
Здружението на приватни лекари бара третман ист на матичните со лекарите во јавните здравствени институции кои добиваат редовни месечни исплати.
-Ние разбираме дека ситуацијата е многу тешка и не бараме награди. Моментот за наградување кој владата го размислува е добар но сметаме дека не треба да бидеме заборавени во целокупната приказна. Не дозволивме да има затворени болници, правевме алгоритми и го следевме алгоритамот на Мој термин , во саботи и недели ги проверуваме пациентите кои се позитивни на корона и сметам дека владата не смее да не заборави. Апелот на владата беше „Јавете се кај вашиот матичен доктор“ но не слушнавме некој едно благодарам да рече, додаде д-р Чолакова Дервишова.
Во државата, во примарното здравство има 1567 матични лекари а во секундарното 124 лекари специјалисти.Се до 2010 година нивните капитации стигнувале со задоцнување од пет месеци за оттогаш до денеска доцнењето да биде по два месеци. /У.Ј