Физикално одделение нов ковид оддел или повеќе кревети на инфективно за лекување на новозаболени од коронавирус во Велес?
13.10.2020
Сите 35 кревети во Ковид делот на Инфективно одделение во Општа болница Велес од вчера се ставени во функција за лекување на заразени пациенти од велешко како и од вардарски плански регион. Веќе нема место за лекување на новоинфицирани.
Општа болница Велес веќе го разгледува планот Б како решение за состојбата со лекувањето на новите болните од коронавирус. Тој содржи две варијанти. Првата да се проширува Ковид делот на самото одделение или да се стави во функција Физикалното одделение на болницата.
Одлуката за нов простор секако дека го отвора и прашањето на зголемен број на медицински персонал што ќе биде неопходно потребен за лекување на пандемиското заболување.
Портпаролката др Весна Николовска Неделкова вели дека во текот на работниот дел од денот ќе биде донесена одлуката.
Вчера на инфективниот оддел во болницата од 35 заразени пациенти само за еден се чекаа резултати додека останатите се потврдено позитивни. Од вклупниот број на болнички пациенти 10 беа на кислородна поддршка./У.Ј