Повторно црн корона вторник во Велес, новозаразени 79 граѓани и три починати

Објавено на 3 ноември, 2020 во 19:23

Velespanorama fin

3.11.2020

По информациите од Општа болница Велес за три починати лица од кои еден велешанец, втор жител на Стари Град и една жена од Градско според податоците на Центар за јавно здравје Велес , од вчера до денеска, во велешко се регистрирани нови 79 граѓани заразени со Корона-19.

Со нив, од почетокот на епидемијата до денеска, вкупниот број на заразени се искачи на 922 граѓани.

Според д-р Весна Николовска Неделкова, портпаролка на Општа болница Велес,  на Инфективно одделение се лекуваат вкупно 50 пациенти со ковидвирус. Од нив 43 се потврдено позитивни додека за сомнителни се водат 7 пациенти. Исто така 16 пациенти се на кислородна поддршка поради проблеми со респираторен систем или отежнато дишење./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.