47 новозаразени велешани од Ковид-19 во изминатите 24 часа
5.11.2020
Четириесет и седум новозаболени велешани од коронавирус во изминатото деноноќие се регистрирани од страна на Министерството за здравство во Велес. Тоа е за седум граѓани повеќе од Кавадарци додека во Неготино, регистрирани се 19 и во Свети Николе шест новозаразени граѓани. Овие четири градови имаат најголем број на регистрирани заболени во вардарски регион.
Според министерството денеска помеѓу 13-те починати лица во државата не се евидентирани двајцата жители на Кавадарци, првиот на 21 година и вториот на 70 годишна возраст.
Институтот за јавно здравје, според информацијата објавена пред половина час што се однесува на состојба на изминати 24 часа, во Велес евидентира оздравени 12 пациенти, во Кавадарци шест, во Свети Николе двајца и во Неготино еден пациент од коронавирус./У.Ј
