1.300 комерцијални вакцини против сезонски грип од крајот на ноември или почетокот на декември

Објавено на 13 ноември, 2020 во 17:44

CJZVeles fin

12.11.2020

Центар за јавно здравје Велес реализираше тендер за набавка на 1300 дози на комерцијални вакцини против сезонски грип. Јавната набавка е спроведена како заедничка на сите јавни здравствени институции поточно центри во Македонија. Секој од нив пријавил потребна количина што ќе им ја стави на располагање на граѓаните во градовите во државата.

Според в.д директорката на велешкиот Центар за јавно здравје, др Анастасија Иванова проценката за годинашнава потребна количина е направена од страна на Епидемиолошката служба на центарот според методологија во која се земени во предвид количините од минатите години и зголемени поради актуелната пандемија со Ковид-19.

AnastasijaIvanova fin

-Вакцините за комерцијална употреба ги очекуваме најдоцна до првата половина на месец декември. Во моментов не можам да ја соопштам цената од парче што граѓаните ќе треба да ја платат за да се вакцинираат но набрзо ќе ја имаме и јавно ќе ја соопштиме се со цел да излеземе во пресрет на барањето на велешани. Количината од 40.000 бесплатни вакцини што ја набави Министерството за здравство, исто така, влијаеше во нашите проекции за набавка затоа што станува збор за солидно набавена количина на вакцини за граѓани со хронични болести, за трудници, за лица постари од 65 годишна возраст, за бремени жени и за деца на возраст од 6 месеци до 5 годишна возраст, рече др Иванова.

Според в.д директорката, Центарот ја подготвува службата за вакцинирање се со цел да обезбеди непречено спроведување на вакцинирањето и да им излезе во пресрет на заинтересираните граѓани кои не спаѓаат во категориите за кои Министерството за здравство ги набави бесплатните вакцини.

Убавка Јаневска

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.