Во Велес нови 44 заболени, починат пациент во болница од Свети Николе и оздравени 39 граѓани

Објавено на 13 ноември, 2020 во 19:17

Velespanorama fin

13.11.2020

Во изминатото деноноќие нови 44 заразени велешани, евидентира Министерството за здравство. Тие се со резултат на позитивен тест на ковид 19. Исто така во вардарски регион новоинфицирани се 25 граѓани на Кавадарци, 17 на Свети Николе и 10 на Неготино.

Од вкупно 25 починати лица еден е пациент од Свети Николе на 69 годишна возраст кој почина во Општа болница Велес примен на лекување пред два дена во тешка здравствена состојба. Вториот пациент е од Кавадарци исто така на 69 годишна возраст.

Според податоците на Институтот за јавно здравје денеска во Велес има 39 оздравени пациенти додека во Кавадарци 17,во Свети Николе 6 и во Неготино двајца.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.