Почината возрасна жена од коронавирус, на болничко лекување 46 ковид пациенти
Објавено на 20 декември, 2020 во 16:30
20.10.2020
Утринава во велешка болница почина пациентка на 75 годишна возраст, од Велес, лекувана на Инфективно одделение четири дена.
Денеска во болницата вкупно се хоспитализирани 46 ковид пациенти, од кои 28 се потврдено позитивни,непотврдени се 2,негативни се 16, но сеуште задржани на болничко лекување поради неопходната потреба од медицинска помош.
На кислородна поддршка се 14 пациенти.
Исто така од болничко лекување испишани се 5 пациенти, како оздравени, со по еден негативен брис.
Најбројни се ковид пациентите кои се лекуваат на Инфективно одделение. Нивниот број изнесува 35 додека на Одделението за физикална медицина и рехабилитација 4 полесно болни ковид пациенти додека на Интерно одделение има 7 пациенти.
Стоилко Андреевски