Две повредени лица, од кои повозрасното во потешка состојба пренесено на скопски клиники, во сообраќајна несреќа кај патарина „Сопот“
11.03.2021
На автопат Скопје – Велес, вчера, околу 16:50 во Сектор за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарки ознаки, управувано од З.С. (57) од Велес, удрило бо бетонска ограда. Во незгодата со тешки телесни повредил се здобил сопатникот М.С. (82) од Велес.
-Вчера околу 17 часот на одделот за хирургија при Јавна Здравствена Установа „Општа Болница Велес“, донесен е маж на 82 годишна возраст, со приватно возило, повреден во сообраќајна незгода. Направени се сите потребни иследувања при што е констатирано скршеница на лумбален прешлен, поради сериозноста на повредата препратен е на Клиника за Трауматологија- Скопје, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
По еден час, од страна на ИМП-Скопје со полесни телесни повредни донесено е и З.С. (57) при што бил задржан на 24 часовна опсервација во велешката болница.
Стефани Манева