Расте бројот на хоспитализирани во велешка болница, вкупно 56 лица се лекуваат додека 20 се на кислородна поддршка
Објавено: 15 март, 2021, во 14:18 часот
15.03.2021
Во Општа болница Велес зголемен бројот на хоспитализирани. Вкупно 56 лица се лекуваат од корона вирусот, 45 од нив се потврдени позитивни, седум сомнителни и четири пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
-Во велешката болница на Инфективно одделение се лекуваат 46 лица, додека на Интерно одделение 10, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.

На кислородна поддршка се 20 пациенти.
Во текот на денот има и еден транспорт за Скопје во Градска Општа Болница 8-ми Септември.
Стефани Манева



