На секоја крводарителска акција во Велес, се повеќе крводарители што за прв пат подаваат рака

Објавено на 17 март, 2021 во 14:09

161999086 883461752438080 1113011256460782963 n

17.03.2020

На втората крводарителска акција, организирана од Општинската организација на Црвен Крст во Велес,  до 13 часот крв даруваа веќе 40 граѓани. Од нив три се жени останатите мажи и во најхуманото семејство како првократни крводарители денеска се впишаа три лица.

– Одзивот на велешани на денешната крводарителска акција која е организирана по повод 17-март, денот на Крводарителите, во споредба со претходните е највисок. До еден часот имаме 40 крводарители, ни преостануваат уште цели два часа. Во споредба со други крводарителски акции во текот на сите шест часа сме имале околу 40 крводарители, рече Игор Стојов, волонтер во Црвен Крст.

161781646 796393301232179 7764011995635919876 n

Во текот на вчерашниот ден, по повод Денот на крводарителите и денот на Црвен Крст, беа доделени признанија на крводарители кои ја покажале својата хуманост со јубилеен број на дарувања за 50, 75 и 100 пати. Поради пандемијата од Ковид-19, за да се избегне групирање, добитниците своите признанија ги подигнале од просториите на Црвен Крст во Велес.

– Од средношколските денови односно од 16 или 17 години сум крводарител, едно по едно дојдов и до 50 крводарувања. Моја најголема мотивација беше мојот татко кој исто така е крводарител и над 75 пати има дарувано крв. Во моментов веќе имам 53 пати дарувано крв, но мојата најголема желба е да стасам до 100 крводарувања, рече Кире Димов, крводарител.

161188518 3909745582397820 7906028175946922025 o

Крводарителската акција се реализира во Ликовен салон во Велес. Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните можно е да се продолжи предвиденото време за дарување крв.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.