Пуштена во употреба модуларната болница во Велес, бројот на новозаболени секојдневно расте
Објавено на 17 март, 2021 во 14:17
17.03.2021
Во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 58 пациенти, од кои 43 се потврдени позитивни, пет сомнителни и 10 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
-Од денеска во фунцкија е пуштена и модуларната болница во која се лекуваат 16 ковид пациенти, соопшто потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Во велешката болница, на Инфективно одделение се лекуваат 32, додека на Интерно одделение 10 пациенти
На кислородна поддршка се 21 пациент.
Во текот на денот испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева
