СВР Велес: Две лица не го почитувале полицискиот час и 40 не носеле маска, се апелира до граѓаните да ги почитуваат воведените мерки
Објавено на 24 март, 2021 во 09:06
24.03.2021
Во текот на изминатото деноноќие за непочитување на забраната за движење за време на полициски час, евидентирани се две лица. И тоа едно во Велес и едно лице во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
За непочитување на Уредбата за носење на лича заштита казнети се вкупно 40 лица. Од нив 17 во Велес, 17 во Каварци и шест лица во Неготино.
Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат воведените мерки, да носат маска и да го почитуваат полицискиот час кој трае од 22:00 до 05:00 часот, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Стефани Манева